Ги загуби нервите: Роналдо ги исмејуваше соиграчите по поразот во финалето (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо не успеа да дојде до трофеј со Ал Наср во Суперкупот на Саудиска Арабија откако во финалето беа поразени од Ал Хилал со 1:4.

Најзаслужни за победата на Ал Хилал беа српските фудбалери Милинковиќ-Савиќ кој постигна еден погодок и Алексадар Митровиќ кој двапати се запиша во листата на стрелци.

Поразот посебно тешко му падна на Роналдо кој го доведе својот тим во водство во 44. минута.

По примениот четврти гол Роналдо ги исмејуваше своите соиграчи од одбраната покажувајќи им како спијат, но и едвај ги задржа солзите, а по крајот од мечот побрза кон соблекуваланта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани