Гигантите во трка по Вирц, Леверкузен тешко дека ќе го задржи и следното лето

by riste
1 минути читање

Најголемите клубови го посакуваат најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц кој веројатно ќе го промени клубот следното лето.

Последно е дека Арсенал се вклучува во трката за фудбалерот за кој се претпоставува дека ќе чини околу 100 милиони евра.

Како фаворит се посочува Реал Мадрид, но во трка е и Баерн Минхен, па доколку фудбалерот преферира да остане во Германија, Баварците ќе бидат негов избор.

И Ливерпул се поврзуваше со Вирц, но последните информации од Англија велат дека црвените немаат намера да платат толку висока сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани