На Европското првенство се имплементираше ново правило од страна на УЕФА, според кое само капитените на екипите можат да бараат објаснувања од судиите за одредени ситуации.
Секој друг кој ќе побара од судијата „отчет“, си добива казна во видот на жолт картон. Тоа се покажа како успешно ново правило и главно на континенталниот шампионат арбитрите разговараа со капитените на репрезентациите.
Ова правило ќе се користи од следната сезона и во Германија. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) прв соопшти дека е договорено со судиската организација и Германската фудбалска лига (ДФЛ) да се користи правилото.
Бундеслигата е прва од најсилните лиги која ќе го користи правилото кое „дебитираше“ на Европското првенство. Се очекува истото да биде имплементирано и во европските натпреварувања на УЕФА, а веројатно и во останатите европски лиги.