Германците одбраа: Легендата која замина во пензија фудбалер на годината, а Чаби Алонсо најдобар тренер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Германските спортски новинари ги одбраа најдобрите за изминатата сезона 2023/24.

Поради своето пензионирање, но и фактот дека ја освои Лигата на шампионите и Ла Лига, Тони Крос ја победи конкуренцијата во изборот за најдобар фудбалер. Поранешниот ас на Реал Мадрид доби 285 гласови, па со тоа беше убедливо прв на листата пред Флориан Вирц кој имаше 246.

Што се однесува до признанието за најдобар тренер во Германија, тоа го понесе Чаби Алонсо. Шпанскиот стратег со Баер Леверкузен ја освои Бундеслигата, а собра огромни 503 гласа. На второто место беше Себастијан Хенсе со само 74 гласа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани