Jирген Клоп по девет години ја напушти клупата на Ливерпул, а од јануари 2025 година ќе ја преземе функцијата во Ред Бул каде што ќе биде кординатор на фудбалскиот сегмент.
Оваа функција значи дека Клоп ќе соработува со сите тренери во клубовите кои се под раководство на оваа компанија и ќе се обиде да им го пренесе своето знаење и визија.
Но, по овој ангажман на Клоп се појавија критики кон германскиот стратег од страна на навивачите на Ливерпул кои сметаат дека Клоп ги лажел кога изјави дека заминува затоа што нема енергија и му треба одмор.
Меѓутоа сега германскиот „Münchner Merkur“ која што сигурно уште повеќе нема да им се допадне. Наводно Клоп првите разговори за преземање на оваа функција ги направил уште во 2022 година со сега починатиот бизнисмен Дитрих Матешиц.
Медиумите потсетуваат дека Клоп и во таа 2022 година потпиша договор со Ливерпул до 2026 година.