Германија моќно стартуваше во Лигата на нации и со 5-0 ја декласираше Унгарија, Холандија со 5-2 ја совлада Босна и Херцеговина.
Унгарија во минатото издание на Лигата на нации приреди изненадување и славеше со 0-1 на гостувањето кај Германија, но вечерва избраниците на Нагелсман на дозволија ново разочарување за домашната публика.
„Панцирите“ одиграа на врвно ниво и предводени од фантастичниот Мусиала ја декласираа Унгарија со 5-0.
Резултатот беше отворен во 27. минута, Мусиала го проигра Филкруг за 1-0.
Во 58. минута, Мусиала зголеми на 2-0 на додавање на Вирц, а во 66. минута улогите беа променети, Мусиала му асистираше на Вирц за 3-0.
Мусиала намести уште еден гол, во 77. минута го проигра Павловиќ за 4-0, а конечните 5-0 беа дело на Хаверц од пенал.
Холандија со 5-2 ја совлада БиХ, но мечот беше неизвесен до самиот крај.
Зиркзе го отвори резултатот во 13. минута, но Демировиќ изедначи на 1-1 во 27. минута. Сепак, во судиското надополнување на првиот дел, Рајндерс погоди за водство на домаќините од 2-1.
По десетина минута игра во продолжението од мечот, Гакпо зголеми на 3-1, но БиХ не се предаде и преку Џеко намли на 3-2 во 73. минута.
„Лалињата“ не дозволија изненадување, Вегхорст реализираше за 4-2 во 88. минута, за Симонс во 92. минута да ги постави конечните 5-2.