197
Германија со 2-0 славеше над Унгарија и ја забележа втората победа на Европското првенство со која на коло пред крајот го завери пласманот во нокаут фазата.
Домаќинот одигра толку колку што беше потребно за да ги освои трите бода, беа на високо ниво, но не блескаа.
Резултатот го отвори Мусиала во 22. минута за водство од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.
Конечните 2-0 ги постави Гундоган со погодок во 67. минута од натпреварот.