208
Тони Крос имаше брилијантна партија против Шкотска, 101 прецизно додавање од 102 обиди со што постави рекорд на Европските првенство, но првата објава на социјалните мрежи на Германецот по тој меч е сосема неочекувана.
Крос ништо не објави за победата на Германија, но јавно се израдува на триумфот на Далас над Бостон во НБА финалето.
Тој направи ре-пост на објава на Далас и напиша: „Не е готово се додека е биде готово“.
Тоа е реченица на Лука Дончиќ која ја кажа по третиот пораз на Далас алудирајќи на тоа дека не се предаваат до крај.
Крос игра на Европското првенство во највисока форма, но очигледно максимално го прати и НБА финалето.