Гендузи: Многу напредував во Лацио, а потоа дојде Тудор…

by 24 фудбал
1 минути читање

Матео Гендузи е фудбалер на Лацио од минатото лето. Тој прво настапуваше во Рим како позајмен од Олимпик Марсеј, а летово за 13 милиони евра беше и откупен.

Тој реши да зборува за својата авантура во таборот на „бјанкочелестите“. Гендузи откри дека сè одело одлично до додаѓањето на хрватскиот стручњак Игор Тудор.

Го ценам стилот на Маурицио Сари, кај него секогаш сакате да имате посед и да играте убав фудбал, напаѓате. Многу напредував тактички кај него, а тогаш дојде Игор Тудор. Неговиот фудбал не го сакам, никогаш не бев среќен, но мора да се прилагодувате на секој состав во кој ќе ве одберат. Сега сум доста среќен, атмосферата тука е нешто што ретко се наоѓа во фудбалот“, изјави Гендузи.

Во моментов Лацио го предводи искусниот, но не многу познат Марко Барони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани