Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол игра одлично во дресот на Манчестер сити, а според најавите од италијанските медиуми кои се повикуваат на извори од Острвот шампионот на Англија наскоро ќе го награди со нов договор.
Сегашниот договор на Гвардиол има важност до 2028 година и со него Хрватот заработува 132.000 евра неделно или 6.8 милиони евра годишно без бонуси. Италијанците најавуваат дека „граѓаните“ сега му нудат плата од 180.000 евра неделно (9.3 милиони евра годишно) за соработка до 2030 година.
Со ваквите примања Гвардиол би станал најплатениот хрватски играч во Европа. Неговиот соиграч Матео Ковачиќ заработува 99.000 евра неделно, додека Модриќ во Реал Мадрид е на 90.000. Сепак, кога во прашање се и хрватските фудбалери надвор од Европа на врвот е Матео Брозовиќ со плата од 456.000 евра неделно во саудискиот Ал Наср.
Гвардиол во дресот на Манчестер сити одигра 56 наптрвари во кои постигна седум голови и запиша три асистенции, а пристигна од Лајпциг во 2023 година за оштета од 90 милиони евра.