Гвардиола: Ќе видиме кој ќе игра, половина тим ми е под знак прашалник…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити има доста проблеми во пресрет на следниот натпревар во Премиер лигата против Борнмут.

Тренерот Пеп Гвардиола се жалеше за многуте отсутни фудбалери во составот. Тој на прес-конференцијата кажа дека за половина од првиот тим не е сигурен дали ќе играат во сабота.

Ќе го видите составот, имам многу сомнежи. Половина тим ми е под знак прашалник. Следиме каква е ситуацијата со повредите, но не можеме да направиме ништо. Ќе видиме кој ќе игра. На некои позиции мора да побараме итни решенија и да имаме доверба во нив. Некогаш опциите недостигаат и мора да ги најдеме во академијата, за тоа и ни служи“, изјави Гвардиола.

По натпреварот со Борнмут екипата на Гвардиола ја очекува нов предизвик во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани