Гвардиола со последната изјава ги шокираше навивачите: Дали најави заминување?! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде изјава која привлече големо внимание во медиумите.

Шпанскиот стратег изјави дека во овој момент нема мотивација за освојување на нов трофеј во Премиер лигата со Манчестер Сити и за многумина ова е можеби најава за негово заминување.

Договорот кој го има Пеп со Сити е до крајот на сезоната и сега се наметнува прашањето дали ова е негова последна година на клупата на „граѓаните“.

„Мотивација за освојување на уште еден трофеј во Премиер лигата: Во овој момент ја нема, едноставно не е тука. Мотивот за тој трофеј во овој момент кај мене не постои. Сепак, тоа не значи дека нема да се појави. Веројатно ќе дојде во финишот од сезоната“, изјави Пеп.

Ќе потсетиме, во медиујмите се шпекулира дека Пеп Гвардиола би можел да добие понуда да стане нов селектор на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани