Екипата на Манчестер Сити нема намера премногу да го промени тимот, но сега на Островот се најавува и едно скапоцено засилување.
Според бројни извори, фудбалерот на Њукасл Бруно Гуимараеш е најблиску до „Етихад“.
Наводно, Њукасл поради потенцијалниот проблем со финанискиот фер-плеј ќе мора да продаде некои од играчите во текот на летото, а Бруно е највредниот кој го имаат.
Во овој момент Сити е во пол позиција иако не е тајна дека и Микел Артета го сака во Арсенал. Слична трка имаа Пеп и Артета и минатоо лето, иако Даклан Рајс тогаш немаше дилеми и сакаше само во Арсенал.
Сега изгледа дека ситуацијата е поинаква бидејќи ако Гуимареш навистина заминува поблиску е до Сити. Во неговиот договор има откупна клазула која изнесува околу 115 милиони евра.