Гвардиола пред дербито: Ќе биде тешко да се победи Арсенал

by Стефан
1 минути читање

Во недела во Премиер лигата ќе се игра дербито помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, а пред овој натпревар шпанскиот стратег истакна дека „топџиите“ стануваат се посилни и посилни.

„Секоја година Арсенал станува се посилен, напредуваат и се подобруваат. Тоа е доказ дека работат како што треба и се на вистинскиот пат. Сите гледаме како играат во изминатите сезона, ќе биде тешко да ги победиме“, изјави Гвардиола.

На табелата во Премиер лигата, Манчестер Сити има 12 бодови, додека Арсенал е на два бода помалку, десет има и Њукасл.

Дербито помеѓу Манчестер Сити и Арсенал се игра в недела од 17:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани