486
Манчестер Сити нема уште долго да смета на генијалноста на Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег наскоро ќе го напушти клубот.
Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстејн, Пеп Гвардиола уште наредната сезона ќе биде тренер на Манчестер Сити.
Наводно, тој во јуни 2025 година ќе замине од клубот, по што Сити ќе започне нова ера.
Се верува дека Гвардиола откако ќе замине од Сити ќе земе една година одмор, па дури потоа ќе се врати на работа.
Во минатото тој изјавуваше дека сака да биде селектор, па можеби тоа ќе биде неговата следна цел.