Maнчестер сити вчера го доживеа четвртиот пораз во низа, Брајтон како домаќин ги совлада со пресврт 2:1 во рамките од 11. коло во англиската Премиер лигата.
За Манчестер сити ова е првпат од август 2006 да има серија од четири неуспеси. Негативната низа на сити започна против Тотнем во Лига купот (1:2), потоа против Бормут во Премиер лигата (1:2), Спортинг во Лигата на шампионите и сега Брајтон повторно во Премиер лигата.
По 11 натпревари во првенството „граѓаните“ заостануваат зад водечкиот Ливерпул пет бода.
„Откако освоивме шест титули во последните седум години, можеби е дојдено време некој друг да биде шампион. За се постои првпат. Натпреварите се губат. Ова е мој предизвик, а јас сакам предизвици“, изјави Гвардиола.