Манчестер Сити игра во најлоша форма откако Пеп Гвардиола е тренер, па на денешната пре-конференција тој мораше да одговара и на прашање во врска со падот на тимот.
На последните шест мечеви во сите натпреварувања Манчестер Сити има пет порази и едно реми. Во недела му гостува на Ливерпул кој е во неверојатна форма, па нема да биде чудно ако граѓаните запишат уште еден неуспех.
„Кој тим во светот е константен за период од 10 години?! Не постојат такви, ниту во НБА, тенис, голф, во ниту еден спорт“, вели Пеп.
„За време на една декада во која сме ние, да се биде константен како што бевме ние, нема да најдете друг… жал ми е“.
„Да го променам целиот состав? Не се согласувам. Пред три месеци ние ја освоивме Премиерлигата, бевме во финалето од ФА Купот и дојдовме до четвртфиналето во Лигата на шампионите каде загубивме по одлични изданија против Реал Мадрид. Ова е истиот тим“.