Пеп Гвардиола денеска стави потпис на нов двегодишен договор со Манчестер Сити и стави крај на сите шпекулации за негово заминување по крајот на оваа сезона.
Договорот меѓу Пеп и Сити истекуваше по крајот на оваа сезона, па имаше шпекулации дека тој ќе замине, особено откако Чики Берегистан кажа дека си оди.
Но, наспроти таквите гласини, денеска Пеп Гвардиола стави потпис на нов договор со Манчестер Сити.
„Зошто останувам? Па, чувствував дека не можам да си одам сега. Едноставно е тоа. Не ме прашувајте зошто. Можеби четирите порази по ред се причината зошто чувствувам дека не можам да заминам сега“, рече Гвардиола.
„Имам навистина посебно чувство за Манчестер Сити. Затоа сум толку среќен што останувам уште две сезони. Им благодарам на сите за довербата која ја имаат во мене и поддршката која ми ја даваат. Се надевам дека ќе можеме да додадеме уште трофеи на оние кои веќе ги освоивме“.