Гвардиола за ситуацијата во Барселона: За сопственото здравје најдобро е сега да не сте таму

by Стефан
1 минути читање

Пеп Гвардиола е вистинска легенда на Барселона и во овој клуб како фудбалер настапи на 384 натпревари, додека подоцна од клупата го предводеше каталонскиот гигант на 247 средби.

Гвардиола на клупата на Барселона беше од 2008 до 2012 година и тој период ќе остане запаметен како еден од најуспешните во историјата на клубот.

Шпанскиот стратег кој сега го води Манчестер сити зборуваше за актуелната ситуација во неговиот поранешен клуб.

„Сметам дека Барселона не би требало да го менува својот модел. Сите кои ја следат гледаат дека е нешто поинакво. Тоа е клуб со посебна харизма и сјај. Може ли да се даде поголем комплимент“, изјави Гвардиола кој тренерската кариера по Барселона ја продолжи во Баерн од каде што пристигна на клупата на Манчестер сити.

Зборуваше Барселона и за финансиската состојба во клубот која не е баш најдобра.

„Кога сте во Барселона и нешто не е во ред добивате удари од сите страни секојдневно. Најмногу боли кога тие доаѓаат од клубот. Во Барселона се водат мали војни, најдобро за сопственото здравје во овој момент е да не не сте таму“, истакна Пеп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани