Гвардиола загрижен: Премиер лигата станува се потешка

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер сити на „Етихад“ го победија Нотингем Форест со 3:0 во рамките од 14. коло во Премиер лигата и така стигнаа до првата победа во домашниот шампионат по повеќе од еден месец.

Пред натпреварот со Нотингем Манчестер сити немаше победа на последните седум натпревари во сите натпреварувања.

„Бевме во тежок период, но мораме да ги прифаќаме предизвиците и да се носиме со нив. Мислам дека сега бевме добри. Сите гледаме дека Премиер лигата станува се потешка, секој противник е тежок. Секој му одзема бодови на секого. Мораме да напредуваме и да продолжиме да победуваме“, изјави Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер сити имаше пофалби за Кевин Фе Брујн кој против Нотингем постигна гол и запиша асистенција.

„Беше одличен, посебно во првото полувреме. Сите знаеме за каков играч станува збор и колку многу ни значи. Голема работа е повторно да го имаме на теренот“, истакна шпанскиот стратег.

Манчестер сити во овој момент се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата со 26 бодови и во наредното коло ќе игра против Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×