75
Манчестер јунајтед вчера го потврди отказот на Ерик Тен Хаг, а како што стојат работите наследник на Холанѓанецот ќе биде Португалецот Рубен Аморим.
Во јавноста денеска се огласи и стратегот на големиот ривал на „црвените ѓаволи“, Пеп Гвардиола кој го предводи Манчестер сити.
„Навистина ми е многу жал за Тен Хаг, но верувам ќе се врати посилен. Чувствувам поврзаност и тој го претставуваше Манчестер јунајтед на највисоко ниво. Сепак, нашата работа зависи од резултатите и не знаеш кога можеш да дојдеш во опасност“, изјави Гвардиола.
Тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед пристигна во 2022 година и од тогаш освои трофеи само во Карабао Купот и ФА Купот.