Веруваа и сонуваа навивачите на Хајдук дека по Џенаро Гатузо на клупата во клубот може да стигнат и фудбалери како Един Џеко и Иван Ракитиќ, но од тоа изгледа нема да има ништо.
Во својата последна изјава Гатузо индиректно најави дека Хајдук нема да се засилува со фудбалски ветерани.
„Не ме загрижува што се уште немаме нови засилувања. Претседателот и луѓето во клубот знаат дека не сакам играчи кои пишувале фудбалска историја“, изјави Гатузо јасно алудирајќи на најавите за доаѓање на двајцата фудбалски ветерани.
Најави и какви се неговите планови.
„Сакам фудбалери кои се добри за мојот стил на фудбал, функционални и брзи. Кои се спремни да се носат со притисокот од 25-30 илјади луѓе. Чекам двајца крилни напаѓачи, а потоа ќе видиме. Испраќаме понуди, некои од нив бараат премногу пари…се надеваме дека сепак ќе имаме двајца крилни напаѓачи наскоро“, изјави Гатузо.