229
Новиот тренер на Хајдук, Џенаро Гатузо слета во Сплит пред утрешното официјално претставување.
Сплитскиот клуб закажа конференција за медиумите во вторник од 16 часот и на неа ќе го претстави легендарниот Италијанец.
Гатузо во текот на играчката кариера беше легенда на Милан и италијанската репрезентација, а Хајдук ќе биде негов девети клуб во тренерската кариера. Најдолго се задржа на клупата на Милан и Наполи, а подоцна ги водеше Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј го освои со Наполи во италијанскиот куп во 2020 година.
Видео од пристигнувањето на Гатузо може да погледнете – ТУКА.