Гатузо откри зошто го исфрлил Перишиќ од првиот тим

by Стефан
1 минути читање

Голот на Александар Трајковски не беше доволен за Хајдук да слави во денешниот натпревар против Локомотива, а по натпреварот Џенаро Гатузо зборуваше и за проблемите со Иван Перишиќ.

Перишиќ иако е една од најголемите ѕвезди во тимот, Гатузо го отстрани од првиот тим, а денеска италијанскиот стратег откри зошто го направил тоа.

„Пред 20 дена, Перишиќ дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека сака да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го респектирам остатокот од тимот. Во соблекувалната постојат правила кои мора да се почитуваат.

Му дадов шанса да игра 20, 35 и 65 минути. Кога некој сака да замине може да доведе до погрешни размислувања. Сепак, ова не е затворена приказна, тој и понатаму е тука“, изјави Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани