Победата над Динамо во Загреб, Џенаро Гатузо имаше емотивна прес-конференција на која зборуваше без влакно на јазикот.
И покрај сите турбуленции кои се случуваат во Хајдук, а кои засега кулминираа со отказот на спортскиот директор Никола Калиниќ, сплитскиот тим успеа да го победи Динамо Загреб на Максимир и да се качи на врвот во хрватската лига.
По вчерашната победа, Гатузо отворено зборуваше со новинарите кои пишуваа дека после Калиниќ би можел токму Италијанецот да биде следен кој ќе добие отказ.
„Дали имам страв од отказ? Се плашам само од смртта, но јас живеам за фудбалот и ја сакам оваа работа. Заработив доволно во кариерата и можам да живеам удобно без ништо да правам, меѓутоа ова ме исполнува. Читавте што се случува во клубот, имаше различни верзии, а се што можам да кажам е дека Калиниќ не е лажго“, вели Гатузо.
„Тој ме убеди да дојдам тука тврдејќи дека Хајдук е религија и затоа победата му ја посветувам него. На последната прес-конференција претседателот кажа дека не зборуваме десетина дена, тоа не е точно. Ние не зборуваме цел месец. Но, би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци“.