Гатузо: Кој сум јас да коментирам играч како Ракитиќ?

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Хајдук Сплит во првото коло на Хрватската прва лига славеа против Славен Белупо со 2-1 на полните трибини на „Пољуд“.

Стартер за Хајдук на овој натпревар беше хрватската легенда Иван Ракитиќ кој играше 80 минути пред да биде заменет. Веднаш на прес-конференцијата тренерот Џенаро Гатузо доби прашање за иконата на Хрватска, па беше брутално искрен.

Задоволен сум од Ракитиќ и тоа што го почека. Кој сум јас всушност да коментирам играч како него? Тој има неверојатна кариера. Се гледа дека тренирал и дојде тука подготвен. Во првите натпревари не почнуваше од првата минута бидејќи само што ги почна тренинзите со нас, но сега е подготвен и затоа беше стартер“, прокоментира Гатузо.

По првиот официјален меч за Хајдук, својот став го изнесе и самиот Иван Ракитиќ кој кажа:

Се изненадив бидејќи добив 80 минути. Тоа беше многу добро, работиме од првиот ден. Верувам дека ќе бидеме уште подобри и полесно ќе биде кога добро ќе се запознаам со соиграчите и тренреот. Едвај го чекам првиот гол за Хајдук. Благодарност до сите за поддршката“.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше на клупата за резервни фудбалери, откако во претходниот период се мачеше со повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани