Гати ќе биде замената за Скалвини на Европското првенство

by riste
0 минути читање

Џорџо Скалвини синоќа заработи повреда во финишот од мечот меѓу Аталанта и Фиорентина и нема да настапи на Европското првенство иако беше повикан од страна на Спалети.

Повредата на Скалвини е тешка, ги скина лигаментите и за него годината е завршена.

Спалети утрово го повика дефанзивецот на Јувентус, Гати кој денеска ќе им се приклучи на останатите италијански репрезентативци кои ги почнуваат подготовките за Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани