189
Виктор Осимен ја официјализираше позајмицата од Наполи во Галатасарај, турскиот клуб објави повеќе детали за зделката.
Галата потврди дека на Наполи нема да му плати ништо за позајмицата, трошоците ќе им бидат само плата за фудбалерот.
„Постигнат е договор со професионалниот фудбалер Виктор Осимен и неговиот клуб Наполи за бесплатна позајмица. Фудбалерот ќе биде платен 6.000.000 евра за сезоната 2024/25“, стои во соопштението на Галатасарај.