Според пишувањата на Кориере дело Спорт, се тресе столчето на Иван Јуриќ по само четири натпревари на кормилото на Рома и стратегот може да добие отказ доколку не биде обезбеден добар резултат против Монца.
Минатиот месец, на големо изненадување, Рома реши да му врачи отказ на Даниеле Де Роси и покрај тоа што летоска го награди со тригодишен договор.
Иван Јуриќ беше изборот за нов тренер, но по само четири натпревари, почна да се тресе и неговото столче.
Сопствениците на „волчицата“ не се задоволни од прогресот на тимот и играта прикажана против Венеција и Елфсборг, па веќе виси позицијата на Хрватот.
Како што пренесува Кориере дело Спорт, доколку не биде остварен добар резултат против Монца, лесно може да се случи и Иван Јуриќ да добие отказ.
И не само тоа, весникот пишува дека една од опциите е враќање на Даниеле Де Роси, кој ја има поддршката на навивачите и соблекувалната.