292
Фудбалерите на Олимпијакос на фантастичен начин ја завршија сезоната со освојување на Конференциската лига и така станаа првиот грчки тим кој освоил европски трофеј.
Во големото финале екипата од Пиреја ја совлада Фиорентина и тоа по продолженија. Единствениот гол на натпреварот го постигна Ел Каби во 116. минута.
Грчките медиуми пренесуваат дека сопственикот на Олимпијакос, Вангелис Маринакис својата екипа одлучил да ја награди со премија од пет милиони евра, сума која ќе бидеп оделена помеѓу фудбалерите и стручниот штаб.
На прославата на улиците низ Атина според грчките медиумите излегле над 100.000 луѓе, па така и сцените беа навистина спектакуларни.