Газдата на Лион е убеден дека нема да бидат исфрлени во Лига 2

by riste
1 минути читање

На Лион му се заканува исфрлање во втората француска лига доколку не успее да го исплати долгот од 505 милиони евра до крајот на сезоната.

Таа мисија ќе биде тешка, но сопственикот Џон Текстор е убеден дека ќе ја надминат оваа ситуација.

„Луѓето од Националната дирекрција за контрола и управување се интелигентни, но тие работат во систем во кој не ја гледаат глобалкната слика на она што го правиме. Ние сме голема организација и треба да знаат дека сите наши клубови можат да придонесат. Нема шанси да испаднеме, нема тоа да се случи. Знам дека ситуацијата можеби носи скептицизам. Според мене треба да се воведе систем сличен на Премиер лигата кој ги казнува клубовите кои работат поинаку“, истакната Текстер.

Газдите на Лион поседуваат акции и во Ботофаго и во Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани