Бекот на словенечката репрезентација, Жан Карничник се јави откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ го спомна во коментар по елиминацијата на српската селекција.
Жан Карничник е стрелецот на голот за Словенија на мечот со Србија. За него Вучиќ рече дека примиле гол од играч на Целје кој има плата од 5.000 евра.
Сега се огласи и самио Карничник кој низ смеа го прокоментира Вучиќ.
„Секако дека го слушнав тоа, кружи таа снимка. Можам само да го поздравам. Верувам дека е разочаран, па можеби затоа знае колкава ми е платата. Повеќе од тоа не можам да додадам“, рече репрезентативецот на Словенија.
За разлика од Србија, Словенија уште е на Европското првенство, тие во понеделник од 21 часот играат осминафинале против Португалија.