Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави поширок список на фудбалери за претстојното Европско првенство.
Во изборот за крилни напаѓачи имаше место за Марко Пашалиќ кој има одлична сезона со Ријека. 23-годишникот кој во минатото беше дел од Борусија Дортмунд и дури има еден настап за првиот тим ќе биде адут на Далиќ на континенталниот собир.
Интересна е приказната на Пашалиќ од минатото, а тој не го крие тоа. Хрватот во 2017 година работел како градежен работник, а тоа му било своевидна казна од таткото.
„„Почнав во 2017 година како градежен работник. Мојот татко ме запиша на факултет, а јас не сакав да учам поради фудбалот. Ми кажа дека морам да работам како градежник ако не сакам на училиште. Секое утро во осум часот јас, мојот брат и двајца работници одевме на работа. Најтешко ми беше да носам шут, а надвор беше над 35 степени. По шест-седум месеци почнав и да молерисувам. На крајот беше само да се донесе леб во домот. Кога не работев како што треба, бев казнвуван. Да сум и сега во Германија, а на мојот брат му е потребна помош – пак ќе работам“, прокоментира Пашалиќ.
Сега животот на Марко Пашалиќ е посветен само на фудбалот, ќе игра на Европското првенство и доколку продолжи со вакво темпо треба да очекува трансфер од Хрватска.