231
Репрезентацијата на Германија вчера го заврши настапот на Европското првенство со поразот од Шпанија во четвртфиналето.
Германците по поразот беа незадоволни и од судењето на главниот арбитар Ентони Тејлор, посебно поради играњето со рака на Кукуреља со рака во шеснаесетникот.
Медиумите во Германија денеска пренесуваат и дека имало инцидент по завршувањето на средба. Наводно, Сандро Вагнер, еден од помошниците од струшниот штаб на Нагелсман влегол во соблекувалната на Тејлор каде што му се заканувал и го навредувал.
Навредите биле токму поради споменатата ситуација со Кукуреља. Останатите кои биле во близина интервенирале да не се случи поголем инцидент.