Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го постави камен темелникот на националниот фудбалски стадион во Сурчин, југозападно предградие на Белград.
Стадионот ќе биде од четврта категорија на УЕФА, а Вучиќ најави дека ќе биде готов до крајот на 2026 година.
Стадионот ќе се наоѓа 121 хектари земја, а ќе чини околу 257 милиони евра. Капацитетот ќе биде околу 52.000 гледачи. На стадионот ќе има и шопинг центар, фудбалска академија и фудбалски музеј. Вучиќ рече дека е предвидено во 2028 на него да се игра финалето од Лига Европа.
Тој кажа и предлог име за стадионот, но рече дека сепак ќе остави народот да го даде името.
„Ќе му дадеме на народот да избере име. Јас мислев да се вика Србија, но народот ќе гласа, луѓето се паметни. Не е работата само стадионот туку и животите на нашите луѓе, родители ќе водат деца и внуци, тука ќе поминуваат време, ќе се забавуваат. На НБА се забавуваат, мора и тука да го направиме тоа“, рече Вучиќ.
„На проектот во моментов работат 526 работници. За мене ова е живот, остварување на сон“.