Душан Тадиќ денеска ја објави одлуката за повлекување од репрезентацијата, а набрзо потоа се огласи и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
Пикси имаше несогласувања со Тадиќ во текот на Европското првенство и нивниот конфликт беше јавен, па затоа неговата изјава за дел од јавноста е и изненадувачка.
Српскиот селектор најави дека ќе побара во чест на Тадиќ да биде организиран проштален натпревар.
„Ја почитувам неговата одлука и му посакувам многу среќа во продлжение од кариерата. Моја голема желба е да му се организира проштален натпревар. Ќе дадам таков предлог до претседателот Џаијќ и луѓето во Фудбалскиот сојуз. Тадиќ апсолутно заслужи такво нешто како големо име во српскиот фудбал и некој кој остави далбока трага во дресот на нашиот државен тим.
Ја следев неговата кариера од моментот кога во Војводина најави големи дострели и подоцна кога во Холандија, Англија и Турција израсна во еден од најдобрите играчи за врска во Европа. Од моментот кога дојдов на селекторската позиција во него препознав лидер и ми беше многу драго што ја носеше капитенската лента и дресот со број 10“, изјави Пикси.