335
Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане селектор на Србија, иако репрезентацијата не ја помина групната фаза на Европското првенство.
По дебаклот на Србија на Европското првенство се појавија најави дека Пикси ќе замине од клупата, но „Моцарт спорт“ денеска објави дека Стојковиќ ќе остане на клупата.
Извршниот одбор во Фудбалскиот сојуз на Србија донел одлука Пикси да продолжи со работата, а следна главна цел ќе бидат квалификациите и пласманот на Мундијалот во 2026 година.
Ќе потсетиме, Србија на Европското првенство заврши како последна во групата „Ц“ со два бода. Словенија и Данска имаа по три, Англија пет.