На едно коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата веќе се познати екипите кои се селат во понизок ранг. Тоа се Лутон, Барнли и Шефилд Јунајтед.
По вчерашните натпревари стана јасно дека овие три екипи нема да имаат шанси да се задржат во елитата. Сите три екипи вчера беа поразени Лутон од Фулам, Барнли од Тотнем и Шефилд од Евертон.
На табелата математички Лутон не ги загубил шансите, заостанува три бода зад Нотингем меѓутоа има гол-разлика -31, додека Нотингем е на -19, па невозможно е да се очекува во последното коло да ја надополнат.
Така во понизок ранг наредната сезона ќе се преселат сите три екипи кои минатата сезона се пласираа и вакво нешто се случува само вторпат откако се игра Премиер лигата. Последен пат беше случај во сезоната 1997/1998 кога во Чемпионшип се преселија Барсли, Болтон и Кристал Палас.