327
ВАР системот кој се воведе со цел да се намалат грешките на фудбалските терени даде одредени резултати, но во Англија не се задоволни.
Сведоци сме дека во Премиер лигата и со ВАР технологијата често пати гледаме спорни моменти, а сега од Островот пристигнуваат изненадуваки најави.
Имено, дел од медиумите на Островот пишуваат дека клубовите ќе гласаат за укинување на ВАР системот за наредната сезона.
Според најавите гласањето ќе се одржи на 6. јуни што значи дека ако предлогот биде усвоен следната сезона нема да гледаме ВАР во натпреварите од Премиер лигата. Предлогот за отстранување на технологијата го предложиле од редовите на Вулвс
За една одлука да биде усвоена треба да гласаат 14 од вкупите 20 членови.