Во Брера едногласни по дебаклот во Кратово: Против Шкендија да го поправиме впечатокот – ќе ни помогне публиката!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Брера Струмица по дебаклот во Кратово минатото коло и убедливиот пораз викендов ја чека тежок испит против Шкендија.

Струмичани ќе ја пречекаат Шкендија на свој терен и веруваат дека со помош од публиката можат да го поправат впечатокот.

„Очекуваме голема поддршка од публиката и да продолжиме со добрите резултати на домашен терен, а со тоа и да го заборавиме претходниот пораз. За натпреварот се подготвуваме како и за секој друг, Шкендија има одлични индивидуалнци и верувам дека ќе успееме да го запреме нивниот напад“, изјави дефанзивниот играч за врска, Игор Јанкулов.

Офанзивецот Урош Стамениќ признава дека против Силекс го одиграле еден од најлошите натпревари.

„Против Силекс беше еден од нашите најслаби натпревари досега. Сега се надевам дека ќе ја имаме поддршката од публиката и тоа би била наша голема предност заедно со енергијата која недостасуваше во тој претходен натпревар.

Сличен е ставот и на тренерот Бојан Круљ.

„Сигурно дека бевме потресени, не очекувавме таков пораз. Свесни дека потфрливме и дека не бевме на нивото на кое можеме да бидеме. Не беше проблем во одредени поединци, потфрливме сите заедно како екипа. Се подготвуваме максимално да го поправиме впечатокот. Имаме тим во кој сите играчи се квалитетни и ќе има промени во ротацијата. На публиката можеме да и ветиме дека ќе го дадеме максимумот, тие секогаш се нашиот 12-ти играч и секако дека се многу важни за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани