Во Барселона како што стојат работите се подготвуваат за живот без Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач во 2025 година ќе наполни 37 години и автоматски договорот ќе му биде продолжен до 2026, но и покрај тоа во Барселона работат на пронаоѓање на негова замена.
Каталонскиот „Спорт“ денеска пренесува дека Лапорта сонува за Ерлинг Халанд како замена за Полјакот, но сепак јасно е дека тоа ќе биде тешка мисија, посебно поради финансиската состојба во таборот на каталонскиот гигант.
Како резервни опции за Норвежанецот се споменуваат Виктор Ѓекереш и Бенџамин Шешко.
Халанд е еден до најплатените фудбалери во светот, а покрај тоа неговата откупна клазула ќе биде над 120 милиони евра. Покрај тоа Барселона би плаќала и бонуси за потпис.
Многу по реални мети се Ѓеќереш и Шешко, но и тиа би можеле да се покажат како одлични решенија.