Во Барселона загрижени: Финансиската ситуација сега е проблем и за Педри?!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Барселона беше поразена од Монако на стартот од Лигата на шампионите, но во Ла Лига на каталонскиот гигант му оди одлично и се лидери во првенството по пет одиграни кола со максимални 15 бодови, но финасиите се уште се проблем.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиските проблеми.

Актуелниот договор на 21-годишниот играч од средниот ред истекува во 2026 година и тоа не е премногу долг период ако се знае какви очекувања имаат во клубот од него.

Сезонава Педри на шест одиграни натпревари постигна два гола, а вкупно во дресот на Барселона одигра 149 натпревари во кои постигна 22 гола и подели 13 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани