Во натпреварот одигран неодамна помеѓу Германија и Унгарија во кој Германците славеа победа од 5:0 одличен беше Џамал Мусиала.
Фудбалерот на Баерн Минхен намести еден и постигна уште три гола. Неговата вредност на „Трансфермаркт“ се проценува на 130 милиони евра, а договорот со германскиот гигант го врзува до летото 2026 година.
Ако се погледне за каков играч станува збор, тоа и не е доволно долго. Во Баерн немаа дилеми дека сакаат да остане, а за тоа говори и последната изјава на претседателот Херберт Хаинер.
„Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да го задржиме колку што е можно повеќе. По мое мислење, тој би можел да биде новиот Томас Милер и да игра тука во наредните 20 години“, изјави Хеинер.
Мусиала веќе е еден од најважните фудбалери на Баерн и во претходните две сезони постигна 30 гола.