Војчех Шчесни реши дека е време за фудбалска пензија, па на 34-години се повлекува од активното играње фудбал.
По седум години во Јувентус, полскиот чувар на мрежата се реши за повлекување. Се споменуваа повеќе клубови, се зборуваше дека Шчесни ќе оди во Саудиска Арабија, а на крајот тој се реши за пензионирање.
Во својата кариера како младо момче од Легија Варшава тој се пресели во Арсенал. Член на клубот од Лондон беше до 2017 година, а во меѓувреме имаше една позајмица во Брентфорд. Потоа беше позајмен две години и во Рома, а во 2017 неговиот договор за 18.5 милиони евра го откупи Јувентус. За репрезентацијата на Полска забележа 84 настапи и беше стандардно прв голман.
Сега Шчесни преку социјалните мрежи сподели неколку фотографии и емотивна порака за неговото пензионирање од фудбалот.