Воска со нов тренер и нови играчи ги почнува подготовките за новата сезона

by riste
1 минути читање

Во четврток под водство на тренерот Сеит Крека, Воска ќе ги почне подготовките за новата сезона.

Срѓан Захариевски веќе не е тренер на Воска, неговиот помошник, Сеит Крека ќе го води тимот во новата сезона.

Покрај тренерската промена, во Воска ќе биде речиси целосно реновиран и играчкиот кадар.

Клубот денеска им се заблагодари на играчите и тренерите кои беа дел од минатата сезона и им посака успех во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани