ВМФЛ: Христов со хет-трик ја среди Победа, Македонија ЃП и Брегалница останаа максимални

by 24 фудбал
1 минути читање

Фаворитите во Втората македонска фудбалска лига одиграа според планот. Македонија Ѓорче Петров и Брегалница останаа максимални со новите победи овој викенд.

„Лавовите“ на Бобан Грнчаров со 3-0 беа подобри од прилепска Победа во Скопје. Хет-трик на овој меч постигна искусниот напаѓач Симеон Христов. Од друга страна, Брегалница со 2-1 ја совлада Саса. Стрелци за штипјани беа Хаџи-Кимов и Галевски. Помалку изненадувачка беше победата на Башкими против Арсими со голот на Хусеин Демири.

  • Резултати во третото коло на ВМФЛ:

Македонија Ѓорче Петров – Победа 3-0
Брегалница Штип – Саса 2-1
Скопје – Вардар Неготино 2-1
Арсими – Башкими 0-1
Борец – Новаци 0-1
Кожуф – Осогово 4-1
Детонит Плачковица – Вардарски 1-1

Вечерва се игра натпреварот меѓу Беласица и Охрид под рефлекторите на „Младост“ во Струмица во 20:00.

На табелата Македонија ЃП и Брегалница имаат по девет бода, а ги следат Арсими, Новаци и Башкими со по шест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани