Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола и математички се избори за место назад во Првата македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ славеа на гостувањето кај Башкими (1-2) во рамките а 28. коло и на две рунди пред крајот на шампионатот се осигураа на втората позиција. Така, по две сезони престој во ВМФЛ, Пелистер се враќа во македонската фудбалска елита.
Во оваа рунда до титулата дојде екипата на Беса 1976 која ја наполни мрежата на Тетекс со 0-7. Лидерот немаше милост и ги испрати „штофарите“ на позицијата која води во баражот за опстанок. Третолигаш од денес и официјално е „фенерџијата“ Караорман по убедливиот пораз од Новаци (6-0), а Саса и Осогово со победи најавија голема битка за опстанокот.
- Резултатите од 28. коло во ВМФЛ:
Башкими – Пелистер 1-2
Тетекс – Беса 0-7
Беласица – Вардар Неготини 0-0
Саса – Кожув 1-0
Новаци – Караорман 6-0
Охрид – Детонит Плачковица 3-1
Осогово – Скопје 2-1
Победа – Арсими 0-3
Што се однесува до табелата, Беса е математички шампион со 73 бода, шест повеќе од Пелистер кој има 67. Детонит Плачковица е третопласиран со 56, па следат Арсими со 50, Охрид (42), Скопје (40)… Во битката за опстанок и натаму е интересно. Новаци побегна од конкуренцијата и со 31 бод е безбеден, додека Победа со 28 е во најдобра позиција. Следи Осогово со 26, па Тетекс со 24 и Саса со 23 бода на претпоследното место.