ВМФЛ: Кикс на Македонија ЃП за пад на третото место, второлигашите добија нов лидер (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Втората македонска фудбалска лига има нов лидер од оваа рунда, а тоа е екипата на Брегалница од Штип.

Брегалница се радуваше на гостувањето кај екипата на Вардарски со 1-2 и ја впиша четвртата сезонска победа, а го искористи киксот на Македонија Ѓорче Петров за да ја прескокне на врвот. Вардарски поведе со голот на Терзиев, за потоа Калпачки и Абази да донесат пресврт во продолжението за штипјани.

Македонија ЃП одигра натпревар без победник, но и голови на гостувањето во Гостивар. Од тоа профитира и Арсими кој со триумф над Победа како гостин (1-2) дојде до втората позиција на табелата. Кожуф одигра нерешено против Скопје во Автокоманда (1-1) и исто така се израмни со „лавовите“.

  • Резултати од петтото коло во ВМФЛ:

Башкими – Беласица 1-1
Скопје – Кожуф 1-1
Саса – Борец 2-0
Новаци – Македонија ЃП 0-0
Осогово 0 Детонит 0-0
Победа – Арсими 1-2
Вардар Неготино – Охрид 0-1
Вардарски – Брегалница 1-2

Табела: Брегалница (13), Арсими (12), Македонија ЃП (11), Кожуф (11), Детонит (10), Башкими (10), Новаци (7), Скопје (6), Саса (5), Победа (4), Вардар Неготино (4), Охрид (4), Беласица (4), Борец (3), Вардарски (3), Осогово (2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани