Бараж дуелите за трите преостанати места во Втората македонска фудбалска лига понудија многу возбудувања, а на крајот се радуваа Победа, Вардарски и Борец.
Славниот прилепски клуб Победа беше подобар од амбициозниот Куманово и со 2-1 дојде до победата на стадионот во Ѓорче Петров. Со тоа момцитена Јане Николоски го задржаа второлигашкиот статус, а го прекинаа сонот на кумановчани за ВМФЛ.
Екипата на Вардарски од Богданци на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје беше подобар од екипата на Кораб, победувајќи во ефикасен меч со пет гола (3-2). Повторно Богданци ќе гледа второлигашки фудбал, додека Кораб ќе мора пак да се бори со третолигашите.
На „Петар Милошевски“ во Битола второлигашки статус пак избори велешки Борец, откако славеше во дуелот против Велазерими, исто така со 2-3.
Следната сезона во ВМФЛ ќе се натпреваруваат Македонија Ѓорче Петров, Брегалница, Арсими, Беласица, Охрид, Башкими, Скопје, Вардар Неготини, Кожуф, Новаци, Осогово, Саса, Борец, Вардарски и Победа. Последниот учесник ќе биде поразениот од баражот за место во ПМФЛ в недела меѓу Вардар и Детонит Плачковица.