205
Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ не игра во најдобра форма, а тоа го докажува и последното негово промашување.
Фудбалерот на Јувентус се посрамоти на „Алијанц Стадион“ во дуелот со Парма бидејќи не реализира од пред празен гол од неколку метри. По интервенција на противничкиот голман топката му падна пред него, но Влаховиќ не ја погоди рамката од голот.
Ова промашување повторно ги разбуди критичарите меѓу навивачите.